(ВИДЕО) Диневски: Битолчани плаќаат прескапа вода за пиење

Од:

Талески и локалната самоуправа пред 3 години ја поскапија цената на водата за цели 117%, рече Менде Диневски, кандидат за градоначалник од Сојузот на Иднината.

Замислете, битолчани во оваа тешка економска и социјална криза, во општина богата со природни ресурси, плаќаат екстремно скапа вода и тоа само заради недомаќинското работење на директорот на ЈП Водовот, воедно и претседател на битолското ДПМНЕ.

Згора на сѐ кадрите од ДПМНЕ ги продадоа и акциите на ЈП Водовод кои им носеа богата дивиденда, со што од силно јавно претпријатие, го доведоа во ситуација да земе кредит во износ од 2 милиони евра, кој битолчани ќе го исплаќаат, наредните 10 години.
За разлика од кадрите на ДПМНЕ кои ги интересира само личниот интерес, ние единствено ќе се грижиме за интересите на битолчани и после 24-ти март, ќе ја намалиме цената на водата односно битолчани ќе плаќаат помалку пари за потрошената вода.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија