(ВИДЕО) Диневски: Битолчани ќе имаат нов, современ пазар

Од:

Денеска се наоѓаме во градскиот пазар во Битола, кој можам да кажам дека е во катастрофална состојба. Во ваква состојба пазарџиите продаваат, граѓаните купуваат, што е навреда и за Битола и за битолчани, рече Менде Динвски, кандидат за градоначалник на Битола од редовите на Сојузот за иднината.

После 24. март, вели тој, на оваа локација ќе биди изграден нов современ градски пазар на површина од 6640м2, ќе има пристап за возила од сите страни и за снабдување и за пазарење. Во него ќе има предвидено 474 продажни места, ќе има модернизирани тезги, 16 пиљари, подземен паркинг за околу 460 возила и 24 камиони исто како и 9 санитарни јазли за купувачите. Овој проект го нудиме затоа што граѓаните на Битола го заслужуваат тоа и конечно за наредните 30 години ќе го решиме ова прашање.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември