(ВИДЕО) Димовски: Тресел Бранко, сега ќе победеле, ама промена ќе има само во пратеничкиот состав на СДСМ

Од:

Јас сум малку подолго време во Собранието и сум гледал и други генерации на пратеници од СДСМ кои што се јачале на говорница, тресел Бранко, не знам што правел, овој така бил, ајде на избори ќе трчаме, ќе победиме, а се што сум видел со одржување на изборите во смисла на промена е практично комплетна промена на пратеничкиот состав на СДСМ, секоја година наназад со по еден-двајца пратеници кои можат да се видат како некаков континуитет, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Тој кажа дека е битно како политичари да се обидат да ја стабилизираат состојбата во државата и дека тоа е тешко бидејќи се работи за несериозни луѓе и партија која освен со деструкција, газење, негирање и ширење омраза не прави ништо друго и не успева.

– Клучно е да ја изнесме државата час побрзо од оваа политичка криза. Проектиравме раст од 4,5 проценти, а имавме раст од 3 проценти, проектиравме поголем раст на извоз, а имавме извоз од 25 проценти, проектиравме многу позабрзано намалување на невработеноста, имаме намалување но не е доволна и онолку колку што беше возможно, проектиравме поголем број странски инвестиции, остваривме одреден број, но недоволно. Сето тоа е последица исклучиво на тешката политичка криза и нестабилност на институциите, рече Димовски.

Според него, СДСМ може да покажува сила колку што сака, но дека ќе имаат речиси ист број на пратеници како што имаат сега, колку и да претставуваат шарени лица.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Чалмерс: Новата австралиска влада ќе се соочи со сенката на трговската војна меѓу САД и Кина

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Австралиските лабуристи по победата: Нашиот фокус ќе биде трговската војна меѓу САД и Кина

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите