(ВИДЕО) Димова: Кој лаже Попоски или Вељаноски?

Од:

Доволно да ги слушнеме комплетно спротивните изјави на Никола Попоски и на Трајко Вељановски и ќе стане јасно зошто Македонија запре на патот кон ЕУ, вели Лидија Димова, претседателка на Комисијата за европски прашања на СДСМ.

Прво Трајко Вељаноски тврдеше дека неучеството на опозицијата во Собранието не влијае на одлуката за препораката и дека препораката е зачувана.

Сега Никола Попоски не плаши дека препораката ја губиме.

Кој кого го лаже, прашува таа?

Во продолжение Димова рече:

На клучна тема од којашто зависи развојот и иднината на Македонија, власта си тера ситна политика.

Слушајќи ги ваквите изјави, граѓаните ќе помислат дека во Република Македонија има две влади, две министерства за надворешни работи со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ, и тие, за жал, воопшто не комуницираат меѓу себе.

За можноста Македонија да ја изгуби препораката, Никола Груевски прстот може да го впери само кон себе: за падот од 86 места по слобода на медиуми, за партизираното судство, за непостоење раздвоеност на државата од партијата, за заплашувања и притисоци врз администрацијата, за немање институционални капацитети во Македонија за расчистување на нерегуларностите од изборите.

За ништо од ова, од априлските избори до сега, не е направен ниту чекор кон промена на состојбите.

Дополнително ги комплицира работите инаетењето на Никола Груевски, кој нема капацитет да ја води државата во демократски амбиент.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски