(ВИДЕО) Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

Од:

Генерално имаше мирен ден, но за жал констатиравме и бројни прекршувања на изборниот процес. Злоупотреба на избирачкиот список, обиди за изборен поткуп, директни закани и уцени, кршење на изборниот молк преку агитирање и како и нерегуларности при самото гласање, рече Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

Притоа Димитријевиќ рече:

-Во Лозово на пример е спречен е обид за поткуп, документиран и од страна на МВР. Обиди за поткуп има и во други места кои сега се документираат. Во Куманово и во Ѓорче Петров имало случаи на повеќе ливчиња да му дадат на еден гласач. Во Ѓорче пет ливчиња дадени од претседателка на ИО на свој сопруг. Во Студеничани (ИМ 2349/1 и 2353), членови на ИО истовремено биле и на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Прилеп и Крива Паланка регистрирани се притисоци и закани кон активисти и кандидати на СДСМ. Во Неготино констатирано е дека Кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ користи општински објект за потребите на кампањата. Во Богданци, раководител на ОВР Гевгелија во возило на ЈП „Национални шуми“ агитирале за ДПМНЕ. Веќе реагиравме и за тоа што починати лица се најдоа на избирачкиот список, дури и на советничка листа на коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Командири и началници на полицијата беа дел од активностите на ДПМНЕ на терен за време на кмапањата. Во Зелениково и Кратово: Роднини на кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ биле назнечи и во Општинските изборни комисии. Во Охрид, Крива Паланка и Прилеп, партиските штабови на ДПМНЕ биле активни и агитирале за време на молк . Во Градско: Закани од кандидат Киро Нацков кон членови на одборите.

Во Јегуновце имаше лоупотреба на лични податоци за гласање на болни и немоќни. Денеска имаше извесувања за неколку случаи на попречување на работа на новинарските екипи, во Карпош, Охрид и Тетово Овие настани бараат итна реакција од ДИК, Јавното обвинителство, МВР за да се обезбеди одговорност, да се заштити слободната волја на граѓаните и да се гарантираат фер и демократски избори. Правниот тим на СДСМ подготвува поднесување на соодветни пријави и поднесоци до надлежните институции.

Од досега пристигнати резултати СДСМ води и очекуваме победа:

1.Центар
2.Крива Паланка
3.Пробиштип
4.Чучер Сандево
5.Чешиново Облешево
6.Кривогаштани
7.Богданци

Тесна битка е во Неготино, Валандово, Македонска Каменица, Ранковце. Водиме и во Дојран и Лозоvо, но веројатно ќе има втор круг. Како пристигнуваат резултатите ќе информираме. Со задоволство констатирам дека во секоја општинска организација имаме подобар резултат во споредба со лани. По сите досегашни параметри имаме подобри резултати од минатите парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, во некои општини разликата оди и до 10:1

Горан Наумовски

ВО ЖИВО: Локални избори 2025

Катерина Ѓуровски

Меџити: Време е Ахмети да се повлече

Горан Наумовски

ВИДЕО: По 20 години СДСМ падна во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалник

Катерина Ѓуровски

Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 53 општина, ВРЕДИ и СДСМ и НАИ во седум, а ДПТ во една

Катерина Ѓуровски

Меџити прогласи победа во Чаир, ДУИ заминаа по дома