(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Од:

Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема пари за плати и пензии, дупката е 1 милијарда евра. Поскапувањето на струјата и прогласувањето кризна состојба, не се поради протестите во Грција туку две причини директно врзани со владата: криминални тендери и неспособност во енергетиката. За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор. Затоа оваа година има историски најниско производство на домашна струја, ниту половина од планираните 5.100 GWh, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

– Наместо да се произведува дома, која што државата ќе ја чини 80-90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови. Колку ги чини тоа граѓаните? 77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година. Сега е ли јасно зошто струјата поскапува? Зошто се прогласува кризна состојба? Да се покријат криминални тендери и неспособност. Зошто фали 1 милијарда евра во буџетот? Исто така за тендери, како што се 161 тендер за една фирма или 9 милиони евра за друга фрима за двајца вработени кои ги објавивме.

Клучното прашање е кој профитира од скапиот увоз на струја? Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, мазут на пример? СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за овие загуби од 100 милиони евра и да утврди одговорност. Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра? Кој профитира од увозот на струја? Кој заработува додека народот плаќа? Одговроност мора да има! Работата не е завршена, рече Димитријевиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски