(ВИДЕО) Димитриевски: Правдата ќе се врати, готов си Груевски!

Од:

„Правдата ќе се врати, готов си Груевски!“, рече Максим Димитриевски, член на Извршниот одбор на СДСМ, нa денешниот протест за враќање на правдата, слободата и демократијата во Македонија.

– Вчера навршија една година од кумановските настани. Многу брзо ќе дознаеме кој тоа беше сценаристот, а режисерите се тука на настаните. Ќе ги ставиме таму каде што им е место, ќе одговараат за велепредавство, а не да се самонаградуваат. Додека поединци професионалци од МВР гинеа, они си делеа на секретарки, возачи и на самите себе награди за успешно завршена акција, во која погинаа 8 специјалци, 115 илјади растревожени луѓе и над два милиона граѓани во оваа држава, рече Димитриевски пред демонстрантите.

Тој кажа дека му е чест и гордост што рамо до рамо сите тие ја пишуваат современата македонска историја, историја во која, според него, политичките партии ќе бидат на втор план.

– Без разлика на нашата етничка, верска или било која друга припадност, јавно упатуваме од овде, Груевски, немој да ни објаснуваш за системи капка по капка, нам пелети не ни требаат за греење, бидејќи дрва граѓаните немаат. Нам ни треба слобода и еднаквост, достоинствен живот, рече Димитриевски.

Тој уште еднаш потсети дека демонстрантите бараат повлекување на аболицијата и оставка од Иванов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он