ВИДЕО: Димитриев го доби мандатот од Иванов

Од:

Емил Димитриев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, го доби мандатот за состав на новата Влада од претседателот Ѓорге Иванов.

Експресно, во 22 часот вечерва, Собранието ќе расправа и ќе гласа за составот на Владата кој ќе го предложи Димитриев. На листата ќе се најдат и имињата на Оливер Спасовски и Фросина Ременски, кои Димитриев ќе ги предложи за министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика.

Според најавите Спасовски и Ременски нема да присуствуваат на седницата, и нејасно е како ќе влезе предлогот без нивна согласност.

Претходно спикерот Вељаноски ја констатираше оставката на Груевски и без опозиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го распуштија Собранието. Одлуката ќе влезе во сила на 24. февруари, а изборите ќе се одржат на 24.април.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски