(ВИДЕО) Димитриев: ДИК може да почне со вкрстување на базите уште од денеска

Од:

Завршува процесот на валидација на базите, од денеска може да се почне со вкрстување на базите. Експертите на Државната изборна комисија предвидуваат вкрстувањето да трае од 7 до 10 дена, а потоа следи теренска проверка, рече премиерот на Република Македонија, Емил Димитриев по средбата со ДИК.

– ДИК се труди да направи се, мое мислење е дека може да се направи со побрзо темпо, затоа настојувам да имаме честа комуникација, барем во делот што можеме да помогнеме, рече Димитриев.

Според него, оптимален и реален рок за одржување на фер и демократски избори бил 24. април, бидејќи до тогаш можело да се постигне да се организираат избори.

– Кадровското екипирање оди добро, имаат правници, луѓе кои работат на Избирачкиот список преземени од Завод за статистика, дополнително да се екипираат со ИТ инженери, кои ако нема интерес понудивме две варијанти, со преземање кадар од Државната служба и да се земат луѓе кои претходно работеле во ДИК, рече премиерот Димитриев.

Димитриев рече дека продолжува со комуникација со ДИК и дека откако е тој на чело на владата, тие инсистираат на чести средби со Државната изборна комисија.

– Од членовите на ДИК добив уверување дека дополнителниот тајминг е доволен за да се постигне се што е обврска на ДИК. Ние како влада мислиме дека оптимален и реален рок беше 24 април и можеше да се постигне се за организирање на фер и демократски избори, рече Димитриев.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+