(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Од:

Одзивот на гласачите до 18.30 часот во првиот круг од претседателските избори изнесува 48,46 проценти соопшти Државната изборна комисија.

Најголем одзив е забележан во општината Новаци од 71,07 отсто, а најмал во општина Центар Жупа од 16,90) проценти.

Овие податоци се од 3174 изборни места, а од вкупно 1.653.023 гласачи гласале 801.074 гласачи или 48,46 проценти.

– Во текот на денот гласањето беше мирно и без поголеми инциденти на гласачите места. Уважени се 134 приговори кои се усвоени и после нив е овозможено избирачко право на гласачите. Ќе се продолжи гласањето во едно место во Демир Хисар, едно место во Делчево и едно место во Могила, еден час колку што имаше прекин- соопшти на прес-конференција Даштевски.

Овие избори ги надгледуваат 950 домашни и 540 меѓународни набљудувачи и 58 странски новинари. За денешните претседателски избори во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 граѓани.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште