(ВИДЕО) Дескоска: Промени за слобода

Од:

Вториот столб на Програмата предвидува повеќе мерки за враќање на правната сигурност на граѓаните, заштита на човековите права, но и враќање на кредибилитетот на институциите, кои за жал сега се целосно дискредитирани: Собранието, Владата, судството, медиумите, рече Рената Дескоска.

Клучна цел на новата влада на СДСМ во оваа сфера е заедно со граѓаните: Да ја вратиме слободата, сигурноста и демократијата, а самоволието на власта да го замениме со владеење на правото!

Новата Влада на СДСМ ќе спроведе реформа во извршувањето и во казнената политика со цел извршителите и инспекторите да не бидат “баба роги” кои ги осиромашуваат граѓаните собирајќи арач од нив, туку луѓе кои ќе го спроведуваат правото во оваа земја.

1. Секојдневно сме сведоци на присилна наплата на долгови за комунални трошоци, сторени пред 10 и повеќе години. Новата Влада на СДСМ ќе го укине правниот основ и ќе ја прекине праксата заради заштита на бизнис интереси на одредени фирми, да бидат присилно извршувани долгови што треба да се третираат како застарени. Ќе се залагаме за доследно почитување на правното начело на застареност, бидејќи неговото непочитување најмногу ги погодува најсиромашните граѓани кои имаат заостанати долгови за струја, вода, парно и други тековни трошоци. Исто така власта на СДСМ ќе го намали надоместокот за извршителите.
2. Драконските казни што постојат во моментов ќе ги намалиме за 50 проценти. Инспекциските служби ќе работат првенствено како превентивни органи, кои прво ќе изрекуваат опомена, а во случај на повторување на дејствието, ќе биде изречена казната.

3. Новата Влада на СДСМ ќе ги почитува европските стандарди за човековите права и ќе ги зајакне нивните гаранции. Македонија нема повеќе да биде земја на политички затвореници. Македонија ќе биде земја на слободни и сигурни граѓани. Предвидуваме посебни мерки за заштита на правото на слобода, презумпцијата на невиност, еднаквост на граѓаните, правото на приватност, слободата на изразувањето, правото на јавно собирање, слободата на вероисповед и други права. Ќе ја намалиме висината на надомест на нематеријална штета за клевета и навреда којашто во моментов со својата висина ја загушува слободата на говор.
4. Новата програма на СДСМ предвидува мерки и за воведување транспарентна и одговорна власт. Владата на СДСМ ќе спроведува јавни дебати за сите значајни прашања, дебати на кои ќе се почитува принципот на слободен говор и вистинска размена на мислења со цел да се дојде до поквалитетни политики. Особено трошењето на буџетски пари ќе биде транспарентно. Новиот министер за финансии во новата Влада на СДСМ во текот на постапката за носење на Буџетот во Собранието, ќе има обврска да учествува во јавна дебата заедно со тројца претставници предложени од опозицијата и детално да објасни за што ќе се трошат државните пари.
5. Новата Влада на СДСМ ќе воспостави независно судство и ефикасна администрација за да им гарантираме на нашите граѓани брзо и непристрастно остварување на нивните интереси и права. За таа цел предвидуваме повеќе правни и институционални реформи за отстранување на невидената партизација и политичките притисоци со кои се соочува судството денес и за одглавување на граѓаните од лавиринтите на судовите, во кои не можат да ги остварат своите права. Судството мора да стане независно, непристрасно и ефикасно.
Една од мерките е намалување на судските такси, а во судските постапки во коишто се тужи државата за прекршување на правата на граѓаните, судските такси ќе се плаќаат единствено по завршување на процесот во случај ако судот утврди дека немало прекршување на правата
Ќе воведеме специјализирани трговски судови заради стимулирање на инвестициите во Република Македонија и подобрување на бизнис амбиентот.
6. Новата програма на СДСМ предвидува мерки за реформа на јавната администрација со кои постапките пред јавната администрација ќе бидат пократки. Ќе воведеме информатичка технологија во давањето на административните услуги. Голем број услуги граѓаните ќе можат да ги побараат и добијат по електронски пат. Ќе ги задолжиме државните органи сами по службена должност да ги прибираат службените документи кои се потребни за остварување на некое право на граѓаните, а не да ги шетаат луѓето од шалтер на шалтер.

Вработените во јавната администрација и оние кои сакаат да се вработат, се оптеретени со барања за бројни сертификати и со тоа се обременети со големи трошоци. Новата Влада на СДСМ ќе го намали бројот на потребни документи и ќе овозможи во администрацијата да конкурираат сите без оглед на нивната материјална состојба.

За оние кои работат во администрацијата предвидуваме стимулативен систем на наградување на јавната администрација. Нивната плата ќе биде врзана со растот на македонската економија.

7. Во делот на медиумите, ќе ја смениме законската рамка и ќе оставиме простор за саморегулација во медиумската заедница и ќе озвозможиме слобода на медиумите од политичко влијание. Новата Влада на СДСМ веднаш по 27 април ќе престане со безумното трошење буџетски средства за медиумска кампања. МРТВ ќе ја претвориме од партиски билтен во професионален сервис на сите граѓани и во силен идентитетски столб на Република Македонија.

8. Новата програма на СДСМ предвидува и одлучност во борбата против корупцијата. Новата Влада на СДСМ ќе направи целосна ревизија на Законот за јавни набавки со цел да се спречат тендерите “скроени” за фирмата фаворит. Ќе бидат точно означени областите каде ќе се бодува квалитетот, а во другите области пресудна ќе биде цената, ќе се зголеми конкуренцијата во постапките за јавни набавки и ќе се даде фер шанса на малите и микро компании кои често пати неосновано се елиминираат.
Новата Влада на СДСМ ќе им овозможи на граѓаните да побараат специјална истрага од страна на државната ревизија за важни владини програми. Целта е максимално контролирање на трошењето на буџетските средства.
9. Предвидуваме и бројни мерки за враќање на дигнитетот на Собранието на Република Македонија, Уставниот суд и другите институции во кои граѓаните за жал ја изгубија довербата.
Ве поканувам да ја прочитате програмата бидејќи по 27 април истата ќе биде преточена во владина Програма.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

(ВИДЕО) Јанковиќ: Орце застана зад криминалните дивоградби во Чаир, глас за Орце е глас за Скопје да стане дивоградба

(ВИДЕО) Кузеска: Стандардот на граѓаните постојано се намалува а власта одбива да ги покачи платите

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски