ВИДЕО: Десет години неправда – политички пресуди за Кежаровски, Тамара, Митриновски

Од:

Отстранувањето на претседателот на Апелациониот суд, Јордан Митриновски, жигосувањето како соработник на службите на Трендафил Ивановски, затворот за новинарот Томислав Кежаровски, смртта на малата Тамара од Велес, сите жртви на судскиот систем притиснат од политичката елита. Сите случаи беа елеборирани на дебатата „Десет години неправда“ во рамки на граѓанската акција „Заслужуваме подобро“ во организација на Хелсиншки комитет.

– Еден од случаите во кои политички се влијаело врз судството е и случајот на малата Тамара од Велес, директно е пријавен и министерот за здравство, како едно од лицата за кои сметаме дека се индиректно виновни за смртта на малечката Тамара, а пријавени се и други лица кои членуваат во првостепената и второстепената комисија на Фондот за здравствено осигурување. Тоа се високи партиски функционери на владејачката партија, па затоа и сметаме дека овој случај има политичка заднина, а фактот што јавното обвинителство се уште не постапува по кривичната пријава поднесена со правна поддршка од Хелсиншкиот комитет, но првенствено од мајката на Тамара, Жаклина Димовска, исто така ни остава сомнеж дека со предметот се тактизира и дека не се одлучува дали ќе биде поднесе обвинителен акт, токму поради тоа што некои од пријавените се партиски поврзани, рече Неда Чаловска.

Целата голгота на семејството Димовски почнала во 2014 година, кога поднесуваат барање да и се овозможи на Тамара лекување во странство заради тоа што во Македонија не постојат можности за таква операција. Во самата одлука не пишува дека случајот е итен, меѓутоа првостепената комисија донесува одлука да се чека 6 месеци, во тој момент искривувањето на рбетот на Тамара било 65 отсто, во наредните 6 месеци тоа стигнува до 80 отсто, што директно влијаело на останатите органи, особено на нејзиното срце и белите дробови. По жалбата на мајката, второстепената комисија на Фондот ја потврдува одлуката на пррвостепената комисија, кажувајќи дека во РМ постојат услови за операцијата, иако конзилиарно мислење од две клиники вели дека нема услови.

– Постои несовесно работење во Фондот за здравствено осигурување и ги пријавивме сите членови на првостепената и второстепената комисија, за директорите, а за министерот Никола Тодоров поднесовме пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, поради тоа што откако случајот добива медиумска покриеност, тој изјавува без да има овластувања дека Фондот ќе ги покрие сите трошоци за Тамара, а понатаму воопшто не постапува. Министерот нема такво овластување и ја злоупотребил својата службена положба. Под притисок на протестите и на граѓаните, директорите поднесоа оставки, но тие треба и кривично да одговараат.

– Овој случај ја отвори Пандорината кутија за она што се случува во здравството. Многу луѓе се охрабрија да пријават дека немаат здравствена заштита, иако има уставна обврска за тоа, рече Чаловска.

Предметот „Јордан Митриновски“ против Македонија е еден од тие во кој се испитуваше независноста и непристрасноста на Судскиот совет, но не само Судскиот совет како орган туку и малку пошироко што значат членовите на Судскиот совет вклучувајќи го и претседателот на Врховниот суд.

Она што е заедничко и кај двата предмети и за поранешниот претседател на Апелациониот суд Јордан Митриновски и за претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски каде се говори за независното постапување на органите е нешто што државата треба да ја загрижи зашто таа непристрасност третирана од аспект на објективен пристап не постои, рече Маргарира Цаца Николовска, судија во Уставниот суд на БиХ.

Кај Митриновски при отворањето на постапката, решението на Судскиот совет и Врховниот совет по жалба се укинати. При евентуално повторно постапување не е елаборирано што во суштина е меритумот во тоа барање, па по преотворање на постапката може ќе се елиминираат претходните пречки а тоа е дека не може престедателот на Врховниот суд во исто време и да ја покренува постапката, и да учествува во кривичниот оддел на судот, и да учсетвува во комисија пред Судскиот совет и на крај да гласа за евентуално утврдување дека судијата не ја обавувал совесно функцијата, рече Николовска.

Власта по уривањето на А1 Телевизија, ни ја прати таа порака, дека ако некој се дрзне да истражува нешто малку почувствително, ќе оди во затвор.

– Намерно се пуштаа снимките од носењето во затвор на Кежаровски, како плаче ќерка му, како целото семејство ја доживеа траумата и се уште ја доживува. И тоа беше моментот кога сите се разбудивме и се солидаризиравме и тогаш се организираа првите сериозни протести. Парадоксално е, но случајот Кежаровски е нешто добро што му се случи на македонското новинарство, затоа што кога новинарите се солидиаризираа, а со нив и граѓаните, видовме дека на власта не и одат работите така лесно, како што си ги имаше замислено. Власта мораше да отстапи во налетот на нашата солидарност, рече Борјан Јовановски, новинар.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО