(ВИДЕО) Дерала: Имаме доволно докази дека изборите во 2013. и 2014. се нелегитимни

Од:

Во рамки на проектот „Мое гласачко право“, Цивил спроведе истражување преку фокус групи и онлајн прашалник, на кој одговориле 223 испитаници во периодот од 21. до 28. март 2015-та година.

Дури 94,2 отсто од испитаниците одговориле дека локалните избори во 2013-та година не биле фер и демократски, а 95, 5 отсто сметаат дека претседателските и вонредните парламентарни избори во 2014-та година не биле фер и демократски. 64 отсто од испитаниците сметаат дека граѓаните во Македонија не го познаваат своето гласачко право.

Испитаниците оцениле дека Владата и општините имат 0 % придонес за запознавање на граѓаните со гласачкото право. Најмногу придонес 27,8 отсто имаат граѓанските организации на национално право, 17 отсто граѓанските организации на локално ниво, традиционалните медиуми како радиото, телевизијата и весниците се застапени со 26 отсто.

Според анкетата 58,7 отсто од граѓаните можат да препознаат изборни нерегуларности, манипуулации и притисоци. 76, 7 отсто од граѓаните во анкетата сметаат дека нема каде да се обратат за да го заштитат своето гласачко право, а најмногу од нив, 37 отсто своето право би го барале кај ДИК и невладините организации во РМ 30,9 отсто. Дури 96, 9 отсто од анкетираните одговориле дека во Македонија не се почитуваат човековите права.

– По долго анализирање, собирање податоци, мерење на сите наши ставови и на целиот материјал кој е навистина обемен, со кој располагаме – не ни преостана ништо друго, освен јасно и недвосмислено да констатираме дека локалните избори во 2013-та, претседателските и вонредните парламентарни избори во 2014 година се избори кои се нелегитимни. А врз основа и врз сето она што го дознаваме и во последно време, од наводите од опозицијата, а кои досека никој сериозно не ги порекна, може да се стави еден сериозен и многу голем знак прашалник на законитоста на овие изборни процеси, рече Џабир Дерала од Цивил.

Цивил спроведе и истражување преку фокус групи во Скопје, Велес, Гостивар и Струмица.

Според фокус групите, на прво место се наоѓа загрозувањето на слободата на изразувањето, слободата на говорот и медиумските слободи, како и правото на протест.

Подеднакво силно изразена е дискриминацијата врз основа на политичка афилијација. Притоа, учесниците посведочиле за бројни случаи на партиски диктат при вработувањето, при добивање субвенции, притисоци врз работниците, земјоделците, учениците и студентите.

Дури 27 од 35 учесници на сите фокус групи (77%) веруваат дека гласањето не е тајно.

Според фокус групите, принципот на тајноста на гласањето се крши како последица на низа нерегуларности на денот на гласањето.

Без исклучок, сите учесници во фокус групите тврдат дека знаат што се изборни нерегуларности и преку примери од лично искуство, тоа и го докажуваат.

Најголем број од учесниците сведочи за проблемите со Избирачкиот список. Еден од учесниците изјави: „Непрочистени избирачки списоци каде мртвите ги има, а живите ги нема“.

Учесниците посведочиле за партиски притисоци, закани и поткуп. Секаде се говори за гласање со повеќе лични карти.

Учесниците препознале и непрекината политичка, односно партиска кампања во периодот меѓу изборите. Тие велат дека кампањата непрекинато тече преку ТВ екраните и дека веќе јасно се препознава дека информативната содржина на голем дел од ТВ каналите е заменета со пропаганда.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар