ВИДЕО: Демострантите спречени да стигнат до Музејот на холокаустот

Од:

Околу 50-тина граѓани кои се појавија на најавениот марш против насилствата во Газа беа спречени од полициското обезбедување пред влезот на Старата чаршија да се упатат кон Музејот на холокаустот.

10567939_10203638773746628_2147242462_n

Еден од организаторите на маршот Зејд Реџепи од невладината организација „Клуб елита“ побара од полицијата да им објасни на граѓаните зошто им е ограничено правото на движење.

– Јас сакам да знам причина зошто не е дозволено да го оствариме правото на мирен протест пред Музејот на холокаустот. Жалам што Македонија има ваква власт и полиција, ја срамите државата – изјави Реџепи.

Тој доби одговор од еден полициски службеник дека полицијата не дозволува пристап до Музејот на холокаустот поради безбедносни причини и побара за тоа да се обратат до МВР.

Присутните на маршот против насилствата во Газа носеа транспаренти „Да се обединиме за Паленстина“, „Сакам да живеам“ и извикуваа пароли „Израел терорист“.

За време на мирниот марш, силно полициско обезбедување беше распоредено и на плоштадот „Филип Втори“.

По речиси 40-тина минути, граѓаните се разотидоа, а полицијата се повлече.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Нема да има палестинска држава

Десетици илјади луѓе маршираа во Билбао во поддршка на Палестина

Палестинците плаќаат 2.000 долари за да ја напуштат Газа

Турција е подготвена да преземе одговорност во Газа

Горан Наумовски

Русија подготвува своја нацрт-резолуција за Газа како алтернатива на американскиот предлог

Израел ги предаде телата на 15 Палестинци на Министерството за здравство во Газа