ВИДЕО: Демолиран штаб на Сојузот за иднината во Струмица

Од:

Ноќеска околу три часот вандали ја демолирале просторијата во која е сместен штабот на Сојузот на иднината во третата месна организација. Насилниците целосно ги искршиле стаклата со камења и ги искинале плакатите на кандидатот за градоначалник Зоран Заев и на Сојузот за иднината.

На денешната прес конференција, а одговорајќи на новинарско прашање, пратеникот во Собранието на Република Македонија Панче Орцев, рече дека во овој гнасен чин ги препознава методите на ВМРО ДПМНЕ и побара од полицијата да ги открие сторителите и да ги казни.

– Очигледно е дека ова е еден од методите што ги употребува ВМРО ДПМНЕ за заплашување на граѓаните да не излезат или да гласаат за нив. Се надевам дека полицијата брзо ќе ги открие виновниците за ова дело, иако сум сигурен дека тоа се нашите пријатели од политичката партија ВМРО ДПМНЕ противник на СДСМ и им препорачувам во овие последни денови од кампањата, а и во недела да се откажат од тие методи бидејќи со наведнати глави ќе ги чекаат и слушаат резултатите во недела. Уште еднаш јасно им кажувам дека ние во општина Струмица воопшто, ама воопшто не се плашиме ниту од ВМРО ДПМНЕ, ниту од нивните активисти, рече Орцев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија