(ВИДЕО) Демократи ги промовираше кандидатите за пратеници: Да ги тргнеме од власт 33-годишните робовладетели

Од:

Партијата Демократи ги провомовираше листите на кандидати за пратеници во шесте изборни единици за парламентарните избори кои ќе се одржат на 8 мај.

Во изборна единица 1 ќе биде Јорго Огненовски, во двојка носител ќе биде Димитар Спасов, во изборна единица број 3 носител е Виолета Спасова, во број 4 ќе биде Габриела Тодорова, Ѓорѓи Велјанов ќе ја предводи листата во петтата единица и во шеста изборна единица носител ќе биде Хирмет Елези.

– Ние како пратеници ја бараме довербата од гласачите и сакаме да промениме се од корен, почнувајќи од политичкиот систем и да креираме врвна економија и здравство, образование.

Да направиме многу повеќе за пензионерите и за сиромашните, да ја дигнеме наша Македонија на нозе и да ги тргнеме од власт 33-годишните робовладетели.

Затоа ги повикувам сите граѓани да размислат и да ни ја дадат довербата на партијата Демократи – порача лидерот на Демократи, Јорго Огненовски.

Би можело да ве интересира

Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на ДКСК

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

Повредената српска пратеничка се уште е во животна опасност

А1он

Пратениците ги изгласаа измените и дополнувањето на Законот за работни односи

Пратениците во петок се враќаат на работа, на првата седница закажани се пет интерпелации

А1он

Неколку пратеници од Собранието добиле заканувачка порака