(ВИДЕО) Дебата: Правиме коренити промени во образованието

Од:

Над урнисаниот образовен систен подигнуваме образование по успешни европски модели што одговараат на приликите во Македонија. Нема да има истрауматизирани деца, родители и наставници, го намалуваме бројот на предмети во основното и средното образование и обемот на наставата. Ги укинуваме екстерното тестирање и високите казни. Го враќаме задолжителното предучилишно образование за децата, важно за нивниот развој. Ги враќаме достоиството и автономијата на универзитетот. Градиме студентски центар и помагаме во кревање на студентскиот стандард. Воведуваме програма Гаранција за младите што овозможува секој млад човек во период од четири месеци по завршувањето на школувањето да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, пракса, тренинг.

Ова е дел од визијата на СДСМ за модерно и квалитетно образование, достапно за сите, што претставници на СДСМ ја споделија со граѓаните на денешната дебата во Скопје.

На дебатата се обрати и Јухани Нокела, советник за образование од Финска, една од земјите од чиишто искуства се води СДСМ во поставувањето на образовниот систем во Македонија. Ми се допадна вашата пларформа, има визија, тоа е суштинско, коментираше гостинот од Финска. Во дебатата учествуваа и млади луѓе, професори, педагози, претставници на граѓански организации, невладиниот сектор, чии предлози, идеи, сугестии се земени предвид во заокружувањето на Програмата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски