(ВИДЕО) Давчевски: Трајановски се занимава само со криминалните нарачки на Груевски

Од:

„Продолжува лудилото со раскошот и луксузот на Никола Груевски и Коце Трајановски. И покрај сите негодувања на граѓаните. И покрај сите нерешени проблеми на граѓаните на Скопје, Коце Трајановски единствено се грижи за криминалот на Никола Груевски. На денешната седница Коце Трајановски го шири опфатот на барокните фасади и Скопје 2014 на бул. Борис Трајковски и ул. Теодосиј Гологанов“, рече Драги Давчевски, советник во Советот на Град Скопје.

„Наместо да го прошири опфатот на атмосферска канализација, наместо да гради нови училишта, наместо да се грижи за загадениот воздух во Скопје, наместо да гради енергетски ефикасни фасади, Коце Трајановски единствено се занимава со раскошот, луксузот и криминалните нарачки на Груевски.

Уште еднаш се потврди дека Скопје нема градоначалник. Уште еднаш се потврдува дека Коце Трајановски се откажа од скопјани. Затоа уште еднаш бараме итна оставка од Коце Трајановски. Врвен интерес на граѓаните на Скопје е Коце Трајановски веднаш да замине“, изјави Драги Давчевски, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство