(ВИДЕО) Даскаловски: Помалку пари за државата ќе значат повеќе пари за граѓаните и стопанството

Од:

Изминативе осум години од владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, беше период во кој власта континуирано ја ставаше својата алчна рака во џебовите на граѓаните и стопанствениците – рече денеска на прес конференција кандидатот за пратеник на СДСМ, Марјан Даскаловски.

Тој додаде дека драконските казни и многуте новоизмислени давачки по разни основи, беа мерките со кои власта безмилосно ја полнеше државната каса и уште побезмилосно ја празнеше.


– СДСМ сосема спротивно од ВМРО ДПМНЕ, смета дека помалку пари за државата ќе значат повеќе пари за граѓаните и стопанството.За таа цел, идната Влада на СДСМ на чело со Зоран Заев ќе ги превземе следните чекори во даночната политика. Враќање на 15 проценти платениот ДДВ кон сите крајни потрошувачи , со што кон граѓаните годишно од буџетот ќе се враќа 130 милиони евра. За приходите од земјоделска дејност нема да се плака данок. Ќе воведеме праведни даноци, повисок данок за најбогатите, а намалување на данокот на останатите категории на обврзници – рече тој додавајќи дека овие мерки ќе придонесат граѓаните да бидат побогати, посреќни и задоволни од вратеното достоинство.

– Затоа, направете разлика и изберете промени за нов почеток – истакна тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?