(ВИДЕО) Даскаловски: Невработеноста е еден од најгорливите проблеми во Република Македонија

Од:

Кандидатот за пратеник на СДСМ Марјан Даскаловски, одржа прес конференција пред Агенцијата за вработување во Струмица презентирајќи ги мерките за вработување од програмата за промени.

Невработеноста е еден од најгорливите проблеми во Република Македонија, која го разјадува нормалното функционирање на нашето семејство и општество.
Македонија е најсиромашна земја во Европа, меѓу другото, токму и поради продлабочувањетo на проблемот со невработеноста.

Безидејноста на Владата на чело со Груевски и немањето на конкретни мерки за справување со овој проблем во изминатите 8 години, беа причини прашањето со невработеноста да биде една од повеќето дамки во работењето на владеачката партија. За да не биде така во очите на јавноста, власта посегна по бришење на голем дел граѓани од списокот на невработените, да презентира фиктивни вработувања и на тој начин да ја лажe јавноста за божемно намалување на процентот на невработеност. Да беше така, немаше од Македонија да се иселат преку 400 илјади граѓани, главно млади и високообразовани кадри.

Овој тренд мора да престане, велиме ние од СДСМ и затоа во нашава програма ги нудиме следните мерки за справување со невработеноста.

Политиките за вработување ќе се базираат на два столба, забрзан економски развој и активни мерки за вработување

За таа цел, идната влада на СДСМ ќе ги преземе следниве мерки и проекти:

-Во буџетот го зголеми износот за активни мерки за вработување;
-Ќе ги поедностави процедурите за користење на овие средства;
-На крајот од четвртата година од мандатот во буџетот ќе бидат издвоени 30 милиони евра за активни мерки за вработување во приватен сектор;
-Агенцијата за вработување, од формално биро за евидентирање на бришење на невработени, ќе ја претвориме во вистински сервис за посредување при вработување.

Ете затоа треба да ги направиме овие промени, нов почеток за подобра Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?