ВИДЕО: Дали за Тодоровиќ важи истото како и за граѓаните?

Од:

На промоцијата на кандидатот за градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, беа присутни функционери и министри во Владата, во текот на работното време.

Тодоровиќ, кој зборуваше за еднаквост со граѓаните и за тоа дека сите проекти што се изградиле биле желба на граѓаните, непрописно го паркираше својот џип и возилото од општина Центар, на место каде што е забрането паркирање за останатите граѓани.

Тодоровиќ ветува гасификација на Центар, бесплатен интернет во студентски домови, воведување корективна гимнастика и детски олимписки игри во организација на општина Центар, меѓународна промоција на Општина центар како атрактивна туристичка дестинација, изградба на пензионерски дом, телефонски центар за помош за вработување, изградба на нов клинички комплекс.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември