(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

Од:

Резултатите од првиот круг јасно покажаа дека во Општина Аеродром постои силно опозициско расположение. Граѓаните испратија порака дека сакаат промени, дека се уморни од застојот, ароганцијата и самоволието на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром.

– Сега е моментот тоа незадоволство да го претвориме во одлучна волја за промена. Ги повикувам сите граѓани, без разлика на партиска припадност, да се обединиме и масовно да излеземе на гласање на 2 ноември. Да го покажеме нашето единство, нашата решеност и нашата верба во подобра иднина. Аеродром заслужува општина која ќе се развива транспарентно, со вистински проекти, со грижа за секој жител. Поддржете ги промените кои веќе се видливи преку резултатите од првиот круг. Да направиме решителен чекор напред, за нов, современ и отворен Аеродром, рече Трајановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

Трајановски: Целосна дигитализација на услугите што ги нуди општината за поголема ефикасност во работењето

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски