(ВИДЕО) ЦУК: Активни 17 пожари, пет ставени под контрола

Од:

Вкупно 35 пожари на отворен простор имаше во текот на денешниот ден до 19 часот, од кои 13 се изгаснати, пет се ставени под контрола, а активни се 17 пожари. По два активни пожара има во општина Македонски Брод, кај „Јасен“ – Белица и кај село Девич, во месноста викана „Вртешка“, два во општина Кичево, кај селото Цер и кај селата Патеец – Козичино. Активен е пожарот на Галичица, во правец на селата Лескоец и Стење во општина Ресен, а на охридска територија кон месноста Војтино, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има и во општините Долнени, Новаци, Валандово, Пласница, Дебар, кај село Гари, Чашка, Македонска Каменица, Василево, општина Сарај, кај село Кондово, во Гевгелија и два пожара има во Струга, кај селата Велешта и Долна Белица и кај Мороишта и Мислешево.

ЦУК информира дека под контрола се ставени пожарите во општина Македонски Брод, кај село Грешница, во Демир Хисар, на Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица, во Делчево, кај депонијата.

Под контрола се ставени два пожара во општина Чашка, кај селата Папрадиште и Ореше и на планина Мукос кон село Дреновци, Општина Прилеп.

Изгаснати се 13 пожари, од кои два во Пробиштип, потоа во општините Битола, Чешиново – Облешево, Пехчево, кај Негрево, во Ресен, кај селата Болно – Илино, во Кавадарци, кај Ваташа, месност викана Фуштани, во Куманово, кај локалитет Менкова Колиба. Изгаснати пожари има и во Старо Нагоричане, кај село Младо Нагоричане, општина Желино, кај село Чифлик, во општина Гостивар, кај селата Балиндол и Неготино во радовишкото село Подареш, каде гореше депонија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Постојат сомнежи дека дел од пожарите се намерно предизвикани

Горан Наумовски

Михаилов: Изгореа околу 5.000 хектари на планината Готен, пожарот е подметнат

Ангелов: Состојбата со пожарот на планината Готен е смирена од беровска страна

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

Еден пожар е активен, четири се изгаснати

Горан Наумовски

СДСМ: Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината, ова не е статистика

Горан Наумовски