(ВИДЕО) Црвенковски: На 24. март да се наплати за блокираните сметки, активираните хипотеки, извршителите пред нашите врати

Од:

Отпорот продолжува и одиме до крај до конечна победа, оваа тиранија и режим мора да се порази. Овие 7 години на смислен начин се инсталира нов вредносен искривен систем.

На 24. март имаме шанса да им вратиме се за седумтте години малтретирање, притисоци, газења, потценувања, за сите полициски и инспекциски казни без основ, за сите откази по партиски директиви, порача лидерот на СДСМ на митингот во општина Аеродром.

На 24. март оваа тиранија мора да плати, не направија земја во која по телефон не може слободно да се зборува, седум години безобразно лажат и манипулираат, затоа што МТВ Сител Канал 5 ги направија пералници за човечки мозоци, затоа што не направија светски првак во мизерија, заради сите блокирани сметки, активирани хипотеки судски извршители на нашите врати, затоа што со сила не делат на предавници и патриоти, затоа што испокараа брат со брат, татко со син, другар со другар. Колку поголеми патриоти се прават толку Македонија оди надолу.

На 24. март треба да платат за убиството на Мартин Нешковски, за монтираниот судски процес против Љубе Бошкоски, за тепањето студенти на скопскиот плоштад, за бруката со законот за бранители, на 24. треба да ги стигне народната казна и за 24. декември, за тоа што на криминален начин донесоа буџет, затоа што среде парламент тепаа пратеници и новинари, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“