(ВИДЕО) Црвенковски: На 24. март да им наплатиме за седумте години малтретирање

Од:

Предвремени парламентарни избори ќе има без разлика дали Груевски до јуни ќе го реши спорот за името рече претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски на митингот на здружената опозицијата во Охрид, пред насобраните граѓани на Охрид.

„Предвремени парламентарни избори ќе има.нека го искривува договореното Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ колку сакаат, нека се инаетат, лажно читаат и нека преведуваат.Дали го решил, дали не го решил спорот за името со Грција до јуни, за нив бегање од соочување со народот и со големата народна казна нема да има“, рече Црвенковски.

Бојкотот е прекинат но отпорот продолжувадо крај и до конечна победа порача Црвенковски.

„Седум години оваа власт кон Охрид се однесуваше како да е туѓ град, а не наше најголемо богатство и светилиште. Ако некој градоначалник беше изложен на специјална војна од оваа власт и медиумски кампањи , на разни лаги и конструкции тоа беше Аце и затоа му изразувам почит.На 24 амрт имаме шанса да завршиме уште една работа, имаме шанса да им вратиме и да им наплатиме за седумте години малтретирање, заплашување и притисоци. Сите критички медиуми ги затворија, а Сител, Канал 5 и МТВ станаа пералници за човечки мозоци“, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември