(ВИДЕО) Чулев – Сијарто: Поддршката од Унгарија е потврда на пријателството и добрите односи меѓу двете земји

Од:

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој со висока делегација на Унгарија е во официјална посета на нашата држава.

Од страна на унгарскиот министер Сијарто официјално беше предадена донација за Министерството за внатрешни работи, која се состои од 100.000 маски и 5.000 заштитни едноделни одела.

Како што соопшти МВР, министерот Чулев изразил благодарност за донацијата која доаѓа во вистински момент за Министерството и е наменета за полициските службеници чија улога во справувањето со коронавирусот е од исклучително значење за државата.

Министерот Чулев се заблагодарил за учеството на унгарските полициски службеници во заедничките операции на јужната граница, кои со својот професионализам активно учествуваат заедно со македонските колеги во борбата против илегалната миграција.

На средбата, што се одржа во МВР, соговорниците размениле информации за мерките што се преземаат за справување со пандемијата и заеднички се согласиле дека поддршката што доаѓа од страна на Унгарија е значајна за нашата земја и истата е потврда на пријателството и добрите односи кои во континуитет ги градат двете земји.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он