(ВИДЕО) Чичаковски: Гласањето беше спроведено според стандардите на меѓународната заедница

Од:

Извештајот за изборите е донесен и во текот на денешниот ден ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски.

Според него, изборите поминале во фер и демократска атмосфера и гласањето било спроведено според стандардите на меѓународната заедница и ОБСЕ/ОДИХР.

– Согласно извештајот за спроведени избори, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат, Движењето Беса има освоено 5 мандати, Коалиција Алијанса за албанците има освоено три мандати, Коалицијата предводена од СДСМ има освоено 49 мандати, ДУИ има освоено 10 мандати, ДПА има освоено 2 мандата, а извештаите и заклучоците кои ги донесе ДИК ќе бидат објавени на нашата веб страна, а истиот ќе биде доставен до Собранието и до Агенцијата за медиуми, рече Чичаковски.

Според претседателот на ДИК, начинот на доставување на мандатите преку овластените лица од партиите е подобар отколку доделување на секој кандидат посебно.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија