ВИДЕО: Чествување на празникот „Ден на народното востание – 11 Октомври“ во Kуманово

Од:

Празникот „Ден на народното востание – 11 Октомври“ денеска беше традиционално одбележан и во Куманово.

Владината делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, министерка без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, положија свежо свеќе на Спомен Костурницата во Куманово.

На положувањето венци свежо цвеќе учествуваа и делегации на Сојузот на борците, делегации на Собранието на РМ и на Општина Куманово, како и делегации на невладини организации и граѓани.

Чествувањето продолжи со интонирање на химната на Република Македонија од страна на градски оркестар „Илинден“ од Куманово, и со кратка пригодна музичка програма во изведба на учениците од СОУ гимназија „Гоце Делчев”-Куманово, после кое поздравен говор одржа градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски