(ВИДЕО) Честитка од Левица: Додека пратениците пливаат во лој, народот се дави во сиромаштија

Од:

Иницијативниот одбор на Левица им упати новогодишна честитка на пратениците и функционерите и им порача дека во Новата 2016 година ќе се потруди да ги оневозможи да уживаат во привилегии и високи плати додека народот тоне во сиромаштија.

Пред еден месец, Левица поднела предлог закон до Собранието со кој се предлага да се укине уверението за државјанство, како услов за регистрација на политичка партија. Но ниту една партија, ниту од власта, ни од опозицијата не го поддржала овој закон. Според Левица, партиите немале ниту аргументи зошто уверенијата за државјанство се нужни за регистрација на политичка партија.

– Веројатно тие толку се плашат од Левица, што едноставно не сакаат да прифатат таков закон, иако на штета на граѓаните бидејќи им троши непотребн за бирократски и административни трошоци. 150 денари можеби не се голема пара за пратениците, но за обичните граѓани тоа се многу пари.

Додека народот се дави во сиромаштија – народните претставници пливаат во лој. И тоа мора да престане. Тука сме да им порачаме на народните претставници дека кога ќе влезе во Собранието, ќе поднесе закон со кој ќе се укинат привилегиите на пратениците и да се намалат нивните драстично високи плати од 80 000 денари.

levicacestitka (1)

Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски, со седење дома земаат 100 000 денари од државниот буџет, додека невработените лица земаат 50 проценти од паричниот надоместок, со оправдување дека ќе биле дестимулирани да бараат работ. Функционерите, на нивната висока плата земаат цела сума. Значи, вакви привилегии едноставно мора да бидат укинати, бидејќи граѓаните без разлика дали се функционери или не, тие се еднакви пред законот, рече Здравко Савевски од Левица.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: Сега е моментот да им се покаже на големите играчи дека „Македонија е подалеку од Групчин“

Пратеникот Јанчев не возел под дејство на алкохол и над дозволената брзина, моторциклот се забил во вратата на автомобилот, објаснуваат од Левица

„Општината е како гасна комора“ – Активисти на Левица делеа маски на театарскиот фестивал во Аеродром

Мециновиќ за пожарот во Трубарево: Колку богатство може да ве насити?

А1он

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата