(ВИДЕО) Чекајќи ги вакцините, народот измислува свои „лекови“: протнување под орев е анти-ковид терапија во делчевско

Од:

Изморени од секојдневните најави на властите дека вакцините конечно ќе пристигнат во Македонија, а во исто време исплашени од опасниот вирус, граѓаните се вртат кон алтернативни третмани за превенција и лечење на Ковид-19.

Ова најдобро се гледа од снимката од околината на Делчево, каде жителите на градот и на околните села деновиве во се поголем број доаѓаат за да се протнат под корените на два орева, убедени дека тоа ќе ги заштити од ефектите на короната.

Според локалната телевизија М-Нет, необичната „терапија“ му се јавила на сон на 70-годишниот Страшо Димитровски од Делчево, кој ископал дупка под двете оревови дрвја во месноста Брежје, во близина на реката Брегалница.

По ова, препораката на Димитровски за своевидниот ритуал ја послушале неговите блиски, а набргу за верувањето слушнале и почнале да доаѓаат и луѓе од целиот регион.

„Тоа го направив за народ што ме почитува. Кој ме мрази, не мора да доаѓа и не мора да верува, ама кога ќе го налегне – ќе поверува,“ вели Димитровски за М-Нет, додавајќи дека преминот под оревовиот корен го отворил „за здравје“ и против „пусти болести“.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка