(ВИДЕО) Чаусидис: Новиот закон за медиуми е стравичен

Од:

Ниту еден закон не донел слобода, а нам ни треба слобода. Нацрт законот за медиуми може се да направи, но не и да ослободи. Ако не артикулираме отпор, ако не научиме да кажеме „не“ тогаш територијата за новинарството ќе биде засекогаш затворена. Се обидуваме да бидеме фини кога половина од медиуми се затвораат, кога се отпуштаат луѓе затоа што имаат став.

Новинарите се сведени на државни службеници, убиени се истражувањето и креативноста и сега сака да се затвори и она мало парче слобода што го имаме на интернет. Со ваков закон, простор за разбирање нема, посочи Тамата Чаусидис, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, на дебатата за потребата од нов закон за медиуми.

-Законот е стравичен, отвора врати за политичко арбитрирање во медиумите. Клучното прашање е што се добива со овој закон и кои проблеми ги решава?

-Наместо да решава проблеми, отвора нови, навлегува во редакциите, нуди скандалозно решение за регулаторното тело спротивно на препораките на Советот на Европа. Тоа ќе биде монструм со огромна моќ, рече Чаусидис и ова нема шанси да биде прифатено.


Според новиот предлог, ќе се казнат медиумите ако не објават сопштение на државен орган, а нема казни доколку државен орган не даде инфорамции кои е должен да ги даде, рече Чаусидис.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ