(ВИДЕО) Чадиев: Регулацијата на сообраќајот е битна за Велес

Од:

Славчо Чадиев кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Велес денеска на прес – конференција го презентира според него најзначајниот прект во неговата програма 2013 – 2017, а тоа е новиот режим на сообраќајот на градот.

Новиот режим на сообраќај би содржел изградба на кружни текови, поставување семафори и решавање на партерното паркирање на Велес. Крајниот рок на неговата реализација на централните градски улици, а кој би чинел 7 милиони денари е 2014 година.

– Со воведување на светлосна сигнализација и изградба на предвидените кружни текови се поедноставува сообраќајот во градот, се намалува брзината на движење на возилата, а од голема корист е и зголемувањето на безбедноста за сите учесници во сообраќајот. За таа цел уште во текот на оваа година ќе се премине кон реализција на кружен тек на влезот во Велес (кај Штипско џаде) и кружен тек кај Авона (Железничка зграда), како и соодветно уредување на просторот околку нив, нагласи Чадиев.

Во понатамошниот период, најави тој, ќе следи поставување семафори на местото кај новата Театарска зграда, како и враќање на двонасочниот сообраќај до свиокот за Болница. Чадиев вети дека доколку ја добијат довербата од граѓаните, со голем ентузијазам, знаење и искуство ќе работат на изградбата на поубав, модерен град, град на среќни и задоволни граѓани.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата