(ВИДЕО) „Цело време сте на хот лајн“, Биљали од ДУИ се скара со уште две пратенички

Од:

Потпретседателката Арта Биљали-Зендели дивее со Комисијата за европски прашања. Ова е ставот на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, а кој доаѓа откако Биљали-Зендели дозволи гласање на амандман, додека во салата се бараа процедурални обраќања и измени на дневниот ред. Жестока реакција на седницата имаше и пратеничката Гордана Силјановска-Давкова.

„Престанете неделовнички да работите. Немојте неделновнички да работите. Ова е срам за сите вас“, викаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи Биљали-Зендели постојано комунцира на телефон, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека таа добива инструкции од страна.

„Цело време сте на хот лајн! Срам да ви е! Засрамете од вокацијата која ја имате! Вие немате ништо заедничко со правото“, кажа пратеничката Горадана Силјановска-Давкова.

Караница имаше и меѓу Биљали-Зендели и Благица Ласоска.

„Зошто ти е вклучен микрофонот?“, праша пратеничката Ласоска бидејќи додека зборуваше нејзината колешка Стојаноска, микрофонот на потпретседателката беше вклучен.

„Која си ти да ме прашуваш?“, возврати Биљали-Зендели, а Ласоска и кажа: „А која си ти? Пратеничка исто како мене“.

Пратеничката Дафина Стојановска на Арта Биљали-Зендели и читаше што е нејзина надлежност како и надлежност на Комисијата за европски прашања.

По едно процедурално и гласање без пребројување, повторно е одложена седницата на Комисијата.

Би можело да ве интересира

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза