(ВИДЕО) Царовска: Во насока на унапредување на животниот стандард на пензионерите, покачувањето од 722 денари е влезено во основицата

Од:

Вицепремиерката, Мила Царовска, заедно со градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска и заменикот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Илија Ивановски, ги презентираа мерките коишто Владата ги спроведе, во насока на унапредување на животниот стандард на оваа многубројна група на граѓани.

Царовска го изрази своето задоволство што Сојузот на здруженијата на пензионери, постојано напредува, се развива и работи на имплементација на проекти со коишто ги подобруваат условите во објектите кадешто пензионерите го поминуваат своето време и се дружат меѓусебно.

„Нашата идеја како Влада е да се грижиме за секој поединец и тоа го покажавме. Од една страна да го зголемуваме приходот што тие лица го имаат и така ги зголемивме пензиите, согласно економскиот раст, за 722 денари во јануари месец, кое е исплатено со февруарската пензија, но тие финансиски средства продолжуваат и понатаму. Тие стануваат дел од основицата на пензиите, што значи дека за оваа година пензионерите ќе добијат вкупно околу 9000 денари на нивните сметки, дополнително од оние усогласувања коишто ги имавме во 2017, 2018 и 2019 година.  Како влада
работиме на воспоставување на услуги во домот, но тука исто така иницијативата ја преземаат и од Здружението на пензионери, затоа што грижата за пензионерите е навистина важна и тоа не може да се реши само преку изградба на одредени старски домови коишто се присутни тука, во Битола и низ државата, но сепак грижата во домот е еден современ концепт, европски концепт со којшто ќе им се помогне на оние пензионери коишто не можат сами да се грижат за себе“, изјави  Царовска по средбата со пензионерите од Битола.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска истакна дека во досегашниот, нецелосен мандат е презентирана реализацијата на социјални политики, коишто ги тангираат најранливите категории, при што додаде дека во овој сегмент може уште многу да се направи.

„Она што исто така сакам да го истакнам е што имавме отварање на клуб на пензионери од Здружението на пензионери Битола, којшто претходно направија пристапна рампа кон просториите на Здружението на пензионери, со што покажаа дека парите на пензионерите треба да завршат во функција на пензионерите, а нивните намери да тоа го направат и на отворање на клубови во месните заедници само покажува дека навистина се сериозни во нудење на доволно комфорни и удобни услуги за своите членови“, рече Петровска.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова посочи дека оваа организација не само што се грижи за усогласувања на пензиите, за оддржување на реалната вредност на пензијата, туку Сојузот заедно со своите здруженија создава и услови за подостоинствен живот и социјална интеграција на корисниците на пензија.

На денешната средба со пензионерите присуствуваа и градоначалниците на Крушево, Томе Христовски, на општина Новаци, Љубе Кузманоски и на општина Ѓорче Петров,
Александар Наумовски.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он