(ВИДЕО) Божиновска: Арсовска не ја довршува изградбата на „Есенинова“ ниту пак реализира свои проекти

Од:

„Данела Арсовска во првите три месеци од мандатот, освен што не реализира свои проекти, не реализира ниту наследени проекти кои се во поодмината фаза. Еден од нив е и улицата „Есенинова“ проект започнат од страна на претходната градска власт а сега заборавен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

„Оваа сообраќајна траса е важна за граѓаните на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар затоа што со неа се поврзуваат булеварите „Борис Трајковски“ и „Трета Македонска Бригада“.

Со изградбата на оваа улица значително ќе се намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот, како и намалување на времето за патување помеѓу овие општини.

Но тоа очигледно не ја интересира градоначалничката Арсовска па на оваа улица ништо не се работи.

Нејзината изградба досега требаше да биде завршена, исто како и реконструкциите на други важни улици започнати од претходниот градоначалник.

Но Арсовска наместо да довршува наследени проекти и да реализира свои таа се занимава единствено со нивелирање шахти и партизација на градската администрација.

Арсовска исто како и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ работи за свои и за партиски интереси, на штета на интересите на градот и граѓаните“, изјави Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓeорѓиевски: Јас не се занимавам со црни кампањи, прво што ќе направам е „генералка“ на Скопје

А1он

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Ѓорѓиевски: Во топ 5 приоритети на граѓаните е ЈСП „Скопје“ и неговата нефункционалност

А1он

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ