(ВИДЕО) Бошњаковски: Не се знае кога ќе стигнат уставните амандмани во Собранието

Од:

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција изјави дека нема точен датум кога уставните амандмани би можеле да стигнат во Собранието.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека веќе се работи интензвно на изготвување на амандманите, за да се скратат роковите колку што е можно, но засега нема точен датум кога би можеле да бидат испратени во собраниска процедура.

Бошњаковски посочи дека процесот ќе биде инклузивен и транспарентен.

„На секој готов нацрт или предлог што ќе биде доставен до Собранието, свој импут ќе дадат пратениците, а јавноста ќе биде целосно информирана“, рече Бошњаковски.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски