(ВИДЕО) Бошњаковски: Дебатите за уставните амандмани се отворени и може секој да учествува

Од:

Дебатите за уставните амандмани се отворени и јавни и секој може да учествува и да го каже својот став, истакна денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски во однос на дебатите што од денеска до понеделник ги организира Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање по редовната прес-конференција во Владата, Бошњаковски рече дека се поканети широк спектар на говорници и дека меѓу нив има и луѓе кои размислувале поинаку од владините ставови.

– Отворена покана за учество упатувам до сите кои сметаат дека треба да бидат дел и да го кажат своето мислење. Поканети се сите граѓани на Република Македонија кои имаат интерес, рече Бошњаковски.

Во однос на ставот на професорката Мирјана Најчевска која јавно кажа дека не сака да дојде на дебатата поради присуството на прпофесорот Владо Поповски, владиниот портпарол рече дека целосно го почитуваат нејзиното мислење.

– Тоа е нејзин став. Таа го изрази јавно и ние како Влада изразуваме почитување кон нејзиниот став. Она не чувствува потреба да дебатира на јавната расправа и тоа е во ред. Изразуваме жалење што можеби нема да дојде на јавните дебати но, тоа не значи дека нејзиниот глас не е послушан, рече Бошњаковски.

Прашан зошто се организираат дебати четири дена, а не пет работни дена, Бошњаковски појасни дека се работи за техничко прашање, односно оти извештајот од Собранието го добиле доцна во понеделникот и биле во неможност да организираат дебата веќе следниот ден, во вторникот. – Затоа во понеделник ќе организраме две јавни дебати, посочи Бошњаковски.

Првата јавна дебата за нацрт-амандманите за измени на Уставот ќе биде одржана попладнево во 16:30 часот во Свечената сала во Владата на Република Македонија. Ќе учествуваат премиерот Зоран Заев, универзитетските професори Владо Поповски и Љубомир Фрчкоски, како и претставници на експертската јавност.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов