Коалицијата “ВМРО за Македонија“ продолжува победоносниот од и покрај скептичните анкети, изјави Љубе Бошкоски пред митингот во Куманово.
-Ние на овие избори имаме најмалку 15 пратеници, рече Бошкоски и најави дека ова е само почеток на враќањето на основачите на ВМРО-ДПМНЕ на политичката сцена, што ќе значи нови прокти и нова визија.
Од Коалицијата “ВМРО за Македонија“ најавија дека нема да се занимаваат со никакви реваншистички политики и дека целото внимание ќе биде насочено кон развојот на Македонија и напредок за граѓаните.