(ВИДЕО) Бојковски: СДСМ продолжува со притисоците, заканите, уцените и дивеењето и по изборите

Од:

Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што рече дека притисоците, заканите, уцените и дивеењето на СДСМ кое што било присутно пред и за време на изборите продолжува.

– И во вакви едни услови ВМРО-ДПМНЕ со своите коалиционите партнери за време на изборите ја доби мнозинската поддршка од граѓаните на Гази Баба на советничката листа освојувајќи мнозинство на советници. Алармантноста на силеџиството од страна на структури блиски до СДС не принудува јавно да го соопштиме она што се случуваше во текот на вчерашниот ден при конституирањето на советот. Имено вршен е непосреден и дрзок притисок на советници, имајќи го во предвид тесното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да го поддржат СДС за да може да формираат мнозинство во Советот спротивно на изразената волја на граѓаните дадена на избори, рече Бојковски.

Тој рече дека додека траела конститутивната седница посетен бил домот на советник на ВМРО-ДПМНЕ од непознати лица при што на родителите им била испратена диретна закана.

– „Ако гласа за СДС да го добие Советот ќе добие убаво работно место и ќе биде богато награден. Во спротивно, ако не гласа за СДС крв ќе падне и молотови коктели“, цитираше Бојковски.

Тој рече дека наместо проекти и дела, СДСМ сака да владее со молотови коктели и страв.

– Крајно недемократски и одлика на една заробена држава. Истиов случај е пријавен во полиција и ги повикуваме институциите да го расветлат во најбрз можен рок, во спротивно ќе сметаме дека тие стануваат заштитници на силеџиството. Вчера советниците не подлегнаа на заканите и ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери го формираше мнозинството на советот. И ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата ќе работи во интерес на граѓаните на Гази Баба и ќе биде остар критичар на сите непопуларни мерки и коректив на работата на градоначалник од СДС, Борче Георгиевски. Граѓаните не се плашат. Порака до СДС, со закани и уцени не се владее. Кој се обидел со страв да владее брзо бил поразен од народ, рече Бојковски.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ