(ВИДЕО) Бојковски: МВР се уште не презема ништо во врска со заканите упатени кон родителите на советник на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека поминаа 4 дена од заканите од активисти на СДС врз родителите на еден од советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот во Гази Баба, а МВР се уште не реагирала и презела мерки.

– Заканите биле упатени кон родителите на еден од советниците, на денот на конститутивната седница, која додека траеше непознати лица отишле во домот на родителите на советникот при што упатиле закана, цитирам: „Ако гласа за СДС да го добие Советот ќе добие убаво работно место и ќе биде богато награден. Во спротивно, ако не гласа за СДС крв ќе падне и молотови коктели”. Недозволиво е полицијата 4 дена да нема соодветна реакција и сеуште да ги бара силеџиите, рече Бојковски.

Според него, МВР со нереагирањето и не преземањето дејствија во насока на расветлување на случајот е директен соучесник во заканите.

– МВР на Спасовски се става во директна заштита на криминалци, заплашувајќи ги сопствените граѓани. МВР на Спасовски е заштитник на силеџиите и криминалците. Животот кој го најавуваше СДС донесе криминал, безредие и бандитизам по улиците низ градовите на државата. Закани и уцени се редовно средство со кое се служат партиските потрчковци на СДС охрабрени од моменталната власт, вели Бојковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот