(ВИДЕО) Богојевски: Ги демантираме во целост гласините за упад во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на 23 октомври

Од:

Гласините за наводен упад на 23-ти октомври во штабот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат од кругови блиски до кујната на Никола Груевски, со цел да ги заплашат членовите и да не дојдат на прославата, изјави Петар Богојевски еден од инцијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите гласини за било какви сценарија, за некаков упад во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ целосно ги демантирам. Тие доаѓаат од истите оние кругови кои пуштија илјадници лажни вести и шпекулации. Нашата намера е сите, тој ден да се обединиме сите и заедно да прославимe 124 години постоење ВМРО и мислам дека ќе успееме,“ рече Богојевски.

Реформаторите уште еднаш ги повикаа членовите, симпатизерите на партијата, но и поддржувачите на идејата за ВМРО, на прославата под мотото „Слободни, солидарни, обединети“ во чест на 23-ти октомври, во понеделник во 19.30 часот во МКЦ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ