(ВИДЕО) Богоевски: Ако Ахмети и Џафери не ја повлечат тужбата, ќе добијат кривична пријава

Од:

Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски по откажаното рочиште за тужбата од Али Ахмети и Муса Џафери за клевета и навреда посочи дека доколку двајцата не се повлечат, ќе добијат кривична пријава за влијание врз сведоци.

– Самата тужба за клевета за исказ даден во судска постапка не е дозволена, тие тоа добро го знаат. Воедно и според американското законодавство, со оглед дека изјавата е таму дадена тоа е казниво според член 368 А, од Кривичниот законик на РМ, казниво влијание врз сведоци во судска постапка. Ако ова не биде отфрлено, веднаш ќе иницираме кривична постапка врз поднесителите и сите што учествуваат во ова постапка. Не можете да тужите никого за навреда или клевета за исказ даден во судска постапка. Местото им е таму, нека повелат, нека си кажат што мислат во постапките што се водат против нив, а не во граѓанскиот суд за навреда и клевета, ја погрешиле адресата. Веројатно си прават калкулации со изборите, немам што друго да коментирам мислам дека ви е познато зошто го прават сега тоа, рече тој.

Богоевски кој е тужен од Ахмети и Џафери за неговиот исказ во Њујоршкиот суд, дека на актуелни и поранешни функционери во 2005 година им било исплатен поткуп за случајот „Маѓар Телеком” посочи дека и двајцата сакаат со тоа да издејствуваат преку граѓанскиот суд амортизација на неговата изјава како сведок.

– Една мала слика која ја прикажува големата слика на нашата власт кон судството. Шпекулациите со изземање судии, целта е јасна-сакаат во ненадлежен суд да донесат некоја одлука која би ја користеле во кривичната постапка која се користи во обвинителството за организиран криминал против сите овие лица за да се амортизира мојата изјава и постапката пред Њујоршкиот окружен суд, сметајќи дека тоа ќе им помогне, рече тој.

Адвокатите на Богоевски пред судот истакнаа дека не биле испочитувани роковите за доставување писмен одговор од страна на тужениот во врска со наводите изнесени во тужбата.

Според Валентин Зафиров тој рок бил најмалку 15 дена, а најмногу 30 дена и сè уште не бил изминат, поради што побараа судот да одреди дополнителни 15 дена за да можат да дадат одговор на тужбата.

Ова наиде на реакција кај адвокатите на Ахмети и на Џафери, кои посочија дека Богоевски уредно ја примил тужбата на 7 октомври и ангажирал адвокати кои направиле увид во предметот.

– Правдањето дека немало покана од судот за писмен одговор на тужбата е несериозно – рече адвокатката на Ахмети.

Како отштета во овие процеси Ахмети и Џафери бараат 90.000 евра.

Би можело да ве интересира

Вкупна казна од 24 години за тројцата обвинети за предметот „Маџар Телеком“

Ана Ололовска

Продолжува судењето за „Маџар Телеком”

Ана Ололовска

Рочиштето за „Маџар телеком“ одложено за 29 јануари

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Титаник“, „Титаник 3“ и „Маџар телеком“

Ана Ололовска

Нови рочишта за Титаник, Т.Н.Т., Ласкарци и Маџар Телеком

Ана Ололовска

Судењето за „Маџар-Телеком“ одложено за 28 ноември

Ана Ололовска