За една жена беше чудо што успеала да добие храна на „Појадокот на мост“ и тврди дека Бог и помогнал да добие храна, исто како што и помогнал и на српската пејачка Цеца.
– Понудата е добра. Бог ме испрати да дојдам тука, бидејќи Бог е семоќен. И појадокот без карти го земав. Дојдов без карти, Бог ми даде надеж и никој не е посилен од него. Се’ што ке побараш од Бог ќе ти даде. Најдобра е љубовта кон човекот. Ако немаш љубов кон човекот, немаш ништо. Јас не верував дека ова ќе го преземам. И верувам дека и Цеца беше сега шлогирана, ама беше во некој храм – излезе и почна да шета. Благодарна сум на тој што ги поделил картичките, знам дека Бог го направил ова, рече таа.