(ВИДЕО) Бочварски: За четири години изградивме и реконструиравме над 1.000 километри патишта

Од:

Продолжуваме по патот на развојот и нема да застанеме овде, оваа држава мора да биде еднаква за сите, да се развива рамномерно, истакна на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски.

Тој порача дека СДСМ гради патишта наместо споменици, гасоводи наместо фонтани, водоводи и канализации наместо фасади и барок, а се градат и над 600 социјални станови низ целата држава.

„Нема да застанеме овде, ние за 4 години изградивме и рехабилитиравме над 1.000 километри патишта, ВМРО-ДПМНЕ за 11 години изгради 650 километри, разликата е јасна“, нагласи Бочварски.

„Ветиме НАТО, влеговме во НАТО, сега државата ни е безбедна, со ВМРО-ДПМНЕ никогаш немаше да бидеме во НАТО, никогаш немаше да биде државата во сигурни граници“, порача Бочварски.

„Сакаме напред, не сакаме назад, не сакаме да стоиме во место, затоа продолжуваме како и досега, да бидеме постојано со граѓаните и заедно да ги градиме политиките“, истакна Бочварски на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците