(ВИДЕО) Бочварски: Резултатите во реформи во инфраструктурата се шампионски, 80% реализирани капитални проекти

Од:

Реформите во инфраструктурата се на прав пат и бележат шампионски резултати. Годината ја завршуваме со висока реализација на капиталните проекти, рече Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„По години стагнација, интензивно се гради насекаде низ државата, се градат патишта, канализации, водоводи, се решаваат суштински проблеми на граѓаните кои со години беа игнорирани.

Во делот на комуналната инфраструктура реализирани се 43 проекти за изградба на водоводи и канализации, во делот на железницата интензивно се гради пругата од Куманово до Бељаковце, во делот на гасификацијата се заврши магистралниот гасовод Штип-Неготино, а со брз силен интензитет се работи и на изградбата на делниците Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар.

Реализацијата од 80 проценти на капитални инвестиции во ресорот на инфраструктура е доказ за успешноста на политиките на СДСМ од кои најмногу придобивки имаат граѓаните.

Реализиравме над 90 отсто од предвидените средства за изградба на магистралните гасоводи, во вредност од над 1 милијарда денари.

За само 2 и пол години завршени се 782 километри патишта во однос на црните 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога се изградија само 600 километри.

Само во делот на рехабилитација на патишта реализиравме вкупно 505 километри патна мрежа.

Во изградба и во процес на санација се повеќе мостови низ целата држава. Се градат мостови на Пчиња кај Коњаре, Луда мара кја Кавадарци, на Бабуна кај Богомоила, а се реконструираат повеќе мостови, меѓу кои и мостот на река Вардар кај Пепелиште.

Се санираат и повеќе свлечишта и одрони. Се гради професионално и се мисли и на животната средина.

Јавното претпријатие за Државни патишта засади 600 илјади садници на автопатот Миладиновци-Штип, а се работи и на проект за поставување на фотоволтаични панели на сите наплатни станици од кои ќе се произведува електрична енергија за потребите на наплатните станици.

Вложувањата во инфраструктурата обезбедуваат повеќекратни придобивки за економијата и бизнисот, затоа и економијата во државата расте.

Затоа ќе продолжиме со засилени работи на терен и со нови инвестиции на капитални објекти. Продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните.“, наведе Бочварски.

Би можело да ве интересира

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски