(ВИДЕО) Бочварски: Новиот воз застана, не може да вози по катастрофа шини!

Од:

„Речиси три месеци не е во употреба новиот воз во кој се изнаслика Никола Груевски.

Новиот воз, според информациите што ги имаме, има проблем да се движи по железничките пруги што се во катастрофалната состојба. Возот не може да се движи поради потресите и вибрациите од дотраената инфраструктура.
На ова предупредивме кога Груевски влезе да се слика во возот ветувајки чуда. За цела деценија мандат Никола Груевски не изгради ниту еден километар нова пруга, а потроши милиони евра пари на граѓаните за споменици“, рече на денешната прес конференција Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

„Каде се сега министрите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат и да се сликаат до возот во застој? Или на пример нека се обидат да патуваат со воз од Скопје до Штип или до Кочани.

После пожарот во којшто се запали локомотива на оваа релација повеќе нема воз во овој правец. Во прашање беа доведени животите на патниците.

На релација Велес – Битола два месеца не се одвиваше сообраќај поради одрон на карпа. Во виртуелниот свет на Груевски Македонија требаше да има 6 нови возови но и обновена инфрастиктура.

Во реалноста има стари, небезбедни пруги. Возови по пругите нема. А и онаму каде што ги има доцнат по неколку часа и граѓаните мрзнат, бидејќи внатре нема греење.

Во Македонски железници во 2005 година имало вкупно 39 патнички гарнитури и локомотиви. Денес има само 11. Поради недостаток на локомотиви, во сообраќај се пуштаат 3 маневарски локомотиви кои се движат на релација, а нивната намена е исклучиво за на станица.

За ваквите катарстрофални услови за патување со воз, патничките билети се покачени за 50 %!

Не е ни за изненадување, бидејки превозот на патници од 2006 година е намален дури за три пати!
Македонија останува земја со многу слабо развиена железничка инфраструктура, со само 27 км пруги на површина од 1.000 м2.

Проблемот е системски. Куќата се гради од темел, а не од кров.

Но за оваа власт не се интерес потребите на граѓаните, туку тендерите и потребите на фамилијата.

СДСМ во Програмата предвидува прецизни мерки за вистинска модернизација и проширување на железничка инфраструктура во Република Македонија. Заврши времето на Груевски. Завршува и времето на ВМРО-ДПМНЕ. Доаѓа времето на граѓаните“, изјави Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди