(ВИДЕО) Бочварски: Македонија со најлоши патишта во регионот, само 15 километри оценети од ЕУ како безбедни и добри

Од:

Како последица на погрешните, криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ Македонија во моменов има најлоша патна инфраструктура во регионот. Според Светска Банка квалитетот на патиштата во Македонија, во споредба со соседните земји, постојано се влошува рече Благој Бочварски, член на Извршниот одбор и претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

Ако некогаш бевме лидер во регионот според квалитетот на патиштата, сега сме на самото дно.

Од центар на Балканот Македонија стана заобиколена земја, со најлоши патишта.

Како резултат на ова граѓаните се движат по небезбеден пат.

Тоа го потврдува анализата на ЕУ за квалитетот и безбедноста на патиштата (“Star rating for safety”).

Од истражуваните 789 км од патиштата во Македонија, според анализата на ЕУ, само 2% се оценети со максимални 5 ѕвезди или со зелена боја.

Тоа се само 15 километри пат оценети од ЕУ како безбедни и добри.

Со најлоша оценка, само со една ѕвездичка или со црна боја, се нотирани дури 39% од истражуваните патишта.

Значи дури 307 км се оценети од ЕУ како небезбедни и лоши.

Дополнителна потврда за лошата сосотојба е рангирањето на “World economic forum”.

Според ова меѓународно рангирање по квалитетот на инфраструктурата за 2015 година Македонија е дури на 78 место од 100 земји.  Пред Македонија се Азербејџан, Виетнам, Гватемала…

Сето ова е последица на криминалните политики да се инвестира во споменици наместо  во подобри и посигурни патишта.

Тоа го потврдува и фактот што во првиот квартал од оваа година има потфрлање во реализацијата на капиталните инвестиции.

Во делот на инвестиции во патиштата се реализирани само 13% или 27 милиони евра.

Затоа на Македонија и се неопходни демократски промени. Наместо во џеповите на фамилијата парите на граѓаните да се инвестираат во капитални проекти за граѓаните.

Новиот концепт што ќе го реализира СДСМ по промените, предвидува големи вложувања, дури 3 милијарди евра за 10 годишен период во патната инфраструктура.

Република Македонија повторно ќе биде инфраструктурно на врвот во регионот, кажа Бочварски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО