Амандаманот со кој повторно се озаконува можноста за контрола и казнување на печатените и инетернет медиуми предизвика жестока расправија меѓу пратениците на власта и опозицијата.
Со амандманот поддржан од министерот Иво Ивановски се предвидува за печатените и интернет медиумите , Агенцијата за медиуми да поднесе прекршочна или кривична пријава, како и барање за бришење од Централниот регистер со што ќе им се одземе правото да издаваат печатен или интерент медиум.
Министерот Иво Ивановски се правдаше дека Агенцијата нема да има ингеренции во содржината и прграмата, туку само во административниот надзор, кој всушност според опозицијата значи дека луѓето кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги избере во Советот, ќе можат за секаква причина да ги затворат печатените и интернет медиуми. Каде има регистер за печатени медиуми и портали, дали има лиценци? Беше побарано за административен надзор и за тоа имаме поддршка од Советот на Европа, рече тој.
-Министерот лаже дека е ова законот кој треба да ја брани слободата на медиумите, лаже, лаже. Срам да ви е! Вие овде продавате приказни дека станува забор за правање на слободата на медиумите во државата. Тешко на оваа држава со вас, реагираше пратеникот Сафет Бишевац.
-Вие преку трик мислите дека ова можете да и го продадете на македонската јавност, јас се согласувам, ова ќе помине кај вашите гласачи, зошти тие не вклучуваат мозок.
Но кога ќе видат тие луѓе дека на Валентина сте и плаќале 57 пати да патува до Фиренца ќе разберат дека грешеле, кога видат дека сте можеле да направите три училишта, дека се потрошени десетици милиони за Никола Груевски да си ја исполни младешката желба, а без никакви резултати за државата, ќе размислат за кого ќе гласаат. Тоа што не вклучувале мозок досега, не значи дека нема да го свртат грбот.
Многу е почесно целата работа со некаков Совет на Агенцијата, да ја прекрстите во Центар за лаги и комуникиации на ВМРО-ДПМНЕ. Дајте му на Илија Димовски и законско право да го прави тоа што го прави и да завршиме работа. Вие се обидувате да го излажете светот-јас знам зашто го правите тоа, секој режим во природата има обид за апсолутна контрола на се во државата-Чаушеску, Милошевиќ, па и на Никола Груевски.
Вие не размислувате, прашање е дали некои од вас и размислуваат. Вака не се гарантира слобода. Сега новинарите ако имале и грам дилема ако овој закон кој вака на сила се настојува да се донесе, сега на сите им е јасно. Никола Груевски нема да дозволи ни запирка да стои во некој текст каде мисли дека не треба да стои. И ќе има и нови апсења на новинари, и нови лустрации и сешто. Доброволното ропство во кое најголем дел од нив минаа, зашто од нешто мора да се живее веќе не смее да важи. И тие 200 или 250 евра со волја на пастирот ќе можат да ги загубат, а ќе можат да завршат и во затвор, со одлука на директорот на Агенцијата за медиуми, рече Бишевац.
На неговиот говор реагираше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Рашковска која побара да им се извини на гласачите.
-Бишевац ве почитувам, можете да се трудите да не навредувате ама не и не да не навредите. Рековте дека гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не го вклучуваат мозокот и навредивте половина милион гласачи и мислам дека е чесно да им се извините на граѓаните, побара Рашковска.
Јас немам за што да се извинувам на тие што гласаат за ВМРО ДПМНЕ, тое е нивно право, тие може да гласаат за кого сакаат, а мое право е да мислам тоа што го мислам за нив. Не повеќе од половина Македонија, сите нив ги ги купувате со субвениции, ги купувате со список за да земат плата од 6000 денари, и вие со тоа се горедеете, праша Бишевац.