После објавувањето на листата на ДИК, со која се предложи да се избришат 39.502 гласачи од избирачкиот список и веднаш после кратката анализа на истата, Движењето БЕСА дојде до констатација дека содржината на ова листа е скандалозна, велат од БЕСА.
„За да ја докажеме таа констатација, предзедовме неколку конкретни чекори и на крај, после деталната анализа на листата на гласачи и после добиените теренски информации приберени од нашите структури при што беа изведени неколку активности за да се вратат неправедно избришаните гласачи во избирачкиот список, констатиравме многу очигледни проблеми и потврда на нашите хипотези поставени на почетокот на анализата, а кои се:
1. Имињата во ова листа не се фиктивни туку реални;
2. Најголемиот број од нив се Албанци;
3. Најголемиот број од нив се опозициски настроени;
Нашите анализи и информации добиени од терен не доведоа до констатацијата дека нашите хипотези се поприлично точни, додека во исто време излегоа на површина многу други проблеми кои не ги предвидовме на почеток од анализата. Во продолжение, накратко ќе ви ги прикажеме податоците и карактеристиките изведени од анализата:
– Најголемиот број од гласачите кои се најдоа во ова листа, околу 90 % се реални луѓе кои живеат и работат во Македонија.
– Над 70 % од гласачите на ова листа се Албанци (анализата е направена врз основа на имиња и презимиња).
– Многу имиња од оваа листа излезе дека се блиски роднини на високи функционери на Движење БЕСА но и на други опозициски парти.
– Има голем број на жени присутни во оваа листа, над 60 % .
– Постојат јавни познати лица. (Како на пример: имиња од универзитетски професори, аналитичари, судии од Уставниот Суд, и др.)
– Голем број на гласачи во ова листа се млади кои за прв пат ќе гласаат.
– Се соочивме често со функционирањето на софтверот за регистрација на имињата кои се наоѓаа во листа за да се избришат од списокот.
Освен анализата и теренската проверка на лице место, активистите на Движењето БЕСА во меѓувреме организираа и други активности за поефикасно реализирање на проектот наречен “Јас сум гласач”, меѓу кои:
– Свикавме вонредна седница на Централното Претседателство посветено на ова прашање;
– Формиравме Ургентен штаб на Движењето БЕСА за реализација на овој проект;
– Организиравме прес-конференција за да ги објавиме одлуките на Централното Претседателство;
– Поделен е флаерот “Јас сум гласач” каде што јасно е опишан начинот како да се оневозможи бришењето на гласачите односно да се вратат на листата;
– До 18.08.2016 беа контактирани околу 70% од лицата кои се најдоа во оваа листа од страна на активистите на Движење БЕСА;
– Покренавме инициатива до Уставниод Суд за уставноста на законот со кој се одобри, дел од граѓаните да се дискриминират и да им се одземе основното право за да избираат и да бидат избрани;
– Пративме официјални писма до: четирите лидери кои беа потписници на Пржинскиот Договор; Амбасадорите на САД, ЕУ, Италија, Велика Британија, Франција и Германија, ОСБЕ-ОДИХР, Државна Изборна Комисија, Народниот Правобранител, Хелсиншкиот Комитет, Transparency International – Macedonia и Human Rights Watch;
– По извршените анализи и теренските податоци детектиравме тенденциозност при што, по секој услов се претендира да остане избирачкиот дисбаланс како во 2014 година, со што и понатаму во изборната единици број 6 (таканаречена „албанска“) ќе има многу повеќе гласачи отколку во другите изборни единици.
– Во реализација на проектот “Јас сум гласач” учествуваа сите структури на Движењето БЕСА како и форумот на млади и форумот на жени организирајќи посебни активности во насока на подобро функционирањето на овој проект;
– На крај, испративме барање до ДИК, на кои им беше побарано поради поплавите и официјално објавената кризна состојба во Македонја, да се пролонгира рокот за регистрација на лицата кои се наоѓат во ова листа за да се избришат од избирачкиот список од страна на ДИК.
На крај, после објавените резултати дека само 8901 гласачи се вратени во севкупната изборна листа на гласачи, Движењето БЕСА ќе продолжи да се ангажира до крај за до го врати и последниот гласач кој има право на глас, во избирачкиот список, и тоа користејќи ги сите можни меканизми кои ги има на располагање. Да наспоменеме уште еднаш, Без фер, слободни и коректни избори, оваа држава нема никаква иднина“, велат од БЕСА.