(ВИДЕО) Бендевска: Зоран Трајчевски уште сега е избран за директор на Агенцијата за медиуми

Од:

Директорот на Агенцијата за медиуми е избран уште сега на ИК на ВМРО-ДПМНЕ,  а тоа е Зоран Трајчевски, кој ќе прима директни наредби од Никола Груевски. Вака опозицијата обвини на комисиската расправа на која власта не прифаќа амандмани со кои реално Агенцијата би била независно тело.

-Веќе е јасно дека во овој момент носиме закон чие име пореално би било да биде Закон за медиумски мрак. Вашиот концепт предвидува цела концетрација и одлуките за сите медиуми, електорнски, печатени и интерент медиуми да биде во една личност, а јасно е дека тоа ќе биде Зоран Трајчевски. Тој ќе располага со невидена моќ, а неговите седум луѓе кои ќе примаат 1500 евра хонорар и дополнителни трошоци седум години ќе се главоклимачи, а господинот Трајчевски егзекутор, рече пратеничката Весна Бендевска.

Таа го негираше тврдењето на министерот Иво Ивановски дека стручните служби и Советот можеле да го контролираат директорот на Агенцијата кој има дискретно право да одлучува за секој чекор кон медиумите.

Во законот се вели дека директорот ќе одлучува за вработување и распоредување на стручната служба, каде е овде механизмот за контрола? Зоран Трајчевски е веќе избран, еден човек ќе прима директни наредби од Груевски да спроведува медиумски мрак.

На 25 јули по предвремените парламентарни избори, за да добие контрола врз СРД, Груевски им отстапи измени за Законот за јазик, знаме и амнестија на хашките слуаи. Како врв на лицемерие, сте го означиле со европско знаменце законот, а овој закон е брат близнак на скандалозниот законот на Орбан во Унгарија, кој не помина, рече Бендевска.

Вчера не беше прифатено ниту членовите на Агенцијата да бидат избирани со двотретинско мнозинство, со што ВМРО-ДПМНЕ би покажале дека навистина сакаат независно регулаторно, наместо партиско тело кое ќе ги контролира медиумите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО